ТРИ НЕДЕЛИ ПАУЗА ЗА АНДРЕА ЛЕКИЌ
Вчерашното дерби во петто коло на Лигата на Шампиони, освен по одиграното реми помеѓу двата големи ривали, ќе се памети и по повредата на клучниот играч на Вардар. Андреа Лекиќ во 10 минута од првото полувреме го повреди скочниот зглоб на десната нога. Дисторзија на зглоб, во зависност од степенот бара мирување но и терапија во траење од две до три недели. Будуќност од Скопје однесе бод и прво место во групата по вчерашното реми од 24-24, иако во последните две минути домаќините имаа +2 ( 24-22 ). Мајда Мехмедовиќ го донесе изедначувањето, а Ждериќ во последните секунди го одбрани ударот на Пенезиќ за победа. Во посленото коло од групната фаза, Вардар без Лекиќ ќе гостува во Германија. Македонските шампионки обезбедија пласман во наредната рунда.