ТРИБИНА НА УМС НЕГОТИНО- НА МАКЕДОНИЈА И ТРЕБА ТВОЈАТА ИДЕЈА
Најдобрите идеи секогаш се кријат во мислите на младиот човек. ВМРО ДПМНЕ го знае тоа и верува во нив. Затоа уште еднаш се даде шанса да се слушне секоја идеја и секоја мисла. Се даде шанса заедно да ги испишеме страниците на добра, просперитетна и успешна Македонија, Македонија испишана од нас. Ние веруваме во народот, народот верува во нас !
Вака УМС на ВМРО ДПМНЕ од Неготино ја започна трибината која во саботата се одржа во салата на општина Неготино, во рамки на проектот на „ Македонија и треба твојата иднина “. Присутните граѓани споделија многу идеи заедно со членовите на УМС, а потпретседателите на Унијата, Арсовски и Ѓорѓиевски, велат дека праксата да се слушнат идеи на младите и секоја добра идеја со која се решава проблем или се подобрува квалитетот на живот е добредојдена.
Без оглед на актуелната политичка ситуација која ни се случува во моментов, како што знаете опозицијата прави се што е во нивни раце и повеќе од тоа да ги прејде границите и да не го почитува договорот кој веќе беше потпишан, ние продолжуваме со нашиот караван за собирање идеи. Да посветиме внимание на создавањето услови за нови работни места, да поразговараме за претприемништвото, но и она главното што е за успех на секој млад човек, а тоа образованието, вели Димче Арсовски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на неготинската Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јованов, вели дека програмата на владејачката партија отсекогаш се темели на граѓаните, а сите конструктивни идеи се добредојдени па затоа сакаме да го чуеме гласот на народот да дојдеме до се подбри идеи кои ќе влезат во новата програма на партијата за претстојните избори и да се реализираат во наредните 4 години.