ПОЧЕТНА » МУЗИКА » Триото Моје три ќе ја претставува Србија на Евровизија 2013

Триото Моје три ќе ја претставува Србија на Евровизија 2013


Додадено на 04-03-2013 во МУЗИКА

Мирна Радуловиќ, Сара Јовановиќ и Невена Божовиќ со песната „Љубов је свуда“ (Љубовта е насекаде)  ќе ја претставува Србија на Евровизија во Шведска.

Триото „Моје три“ победи синоќа на фестивалот Беосонг  освојувајќи најмногу гласови од публиката.

- Пресреќни сме што победивме и што музиката на крајот триумфираше, рече Невена Божовиќ, јави српски Телеграф.

Радуловиќ призна дека девојките посакувале победа.

- Сметам дека освен гласовите од публиката, добивме гласови од луѓето кои не го гледале ова натпреварување. Се надевам дека Евровизијата ќе ја донесеме во Србија, изјави таа.

Второ место на Беосонг освои Душан Свилар со песната „Спас“, а третата беше Сашка Јанковиќ со изведбата „Дуга  у твојим очима“. Тие двајца биле многу разочарани што победата не ја добиле.