ПОЧЕТНА » ЗАБАВА » Убиена пред стотици години а изгледа како да спие

Убиена пред стотици години а изгледа како да спие


Додадено на 01-06-2013 во ЗАБАВА

 

 

На девојка која е убиена некаде меѓу 1450 и 1480 година внатрешните органи и се недопрени, крвта сеуште и е присутна во срцето и белите дробови, а кожата и лицето и се неоштетени. Имено, оваа девојка била на возраст од 11 до 15 години кога била убиена и принесена како жртва на боговите на Инките и е совршено зачувана како мумија. И по 500 години девојката изгледа како заспано дете.

Мумифицираното тело на девојчето било откриено во планината Ampato (дел од Андите) во јужниот дел на Перу. Подоцна експедициите, пронашле уште две мумии, една млада девојка и едно момче. Зачувувањето на нивните тела, толкав долг временски период, се должи на ниските температури и нивната облека која речиси била совршено сочувана. Еден научник подоцна и го дал името, „Хуанита“, која моментално е изложена во музејот во Арекипа во Перу.