УВИД НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА РЕЗЕРВОАРОТ ЗА ВОДА ВО СЕЛО ПЕПЕЛИШТЕ
„Работите околу изградбата на новиот резревоар во Пепелиште кој што е со зафатнина од 200 м3 вода се одвиваат според однапред утврдената динамика и договорот склучен со фирмата изведувач „Жикол“ од Струмица и се очекува истите да завршат во предвидениот рок за тоа, а веќе престојното лето проблемот со водоснабдувањето да биде минато за жителите на Пепелиште и за правните лица кои функционираат во ова село“ – истакна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов при извршениот увид на работите на резервоарот кој е во фаза на интензивна изградба. Претставници на фирмата-изведувач во разговорот го информираа градоначалникот Апостолов за досега реализираните и активностите кои ќе следат во понатамошниот период, со единствена цел изградбата на резервоарот да биде завршена навреме, како и поставувањето на потисниот цевковод во должина од 1.260 метри со што ќе се придонесе за рамномерно распределување на водата во сите зони во Пепелиште. Средствата за реализацијата на овој проект се обезбедени од Европската инвестициона банка.