ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ЌЕ РАБОТАТ ЕДЕН ЧАС ПОМАЛКУ

УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ЌЕ РАБОТАТ ЕДЕН ЧАС ПОМАЛКУ


Додадено на 17-02-2016 во МАКЕДОНИЈА

Согласно одредбите од Законот за угостителска дејност од понеделникот 15 февруари па се до 31 март годинава, работното време на угостителските објекти е за еден час пократко.

Тоа значи дека:

-Угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги може да работат од 07:00 до 24:00 часот.  Во деновите петок и сабота, како и спроти празнични и празнични денови работното време е до 01:00 часот.

-Ноќните барови и кабареа можат да работат од 20:00 до 04:00 часот, а во деновите петок и сабота, спроти празници и празници до 05:00 часот.

- Диско клубовите се со работно време од 19:00 до 04:00 часот во работни денови, односно до 06:00 часот во деновите петок и сабота, како и спроти празнични и во празнични денови.

Од Државниот пазарен инспекторат информираат, согласно своите надлежности ќе ги интензивираат инспекциските надзори над почитување на одредбите од  Законот за угостителска дејност, посебно делот за работното време, а ќе го зголемат и бројот на надзорите за почитување на Законот за заштита од пушење во угостителските објекти како и надзорите над одредбите од Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност.