УТРЕ 04 ДЕКЕМВРИ СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО ЌЕ ЈА ОДРЖИ 30 РЕДОВНА СЕДНИЦА
Утре 4 декември со почеток од 18 часот, Советот на општина Неготино ќе ја одржи својата 30 редовна седница. На оваа седница советниците ќе расправаат по точките кои се однесуваат за предлог одлуката за давање согласност за сопствено учество во проектот „ Инфраструктурно уредување на Индустриска зона Урбана заедница 8“ преку Вардарски плански регион за 2016 година, предлог-одлуката за утврдување на Детален урбанистички план за Урбана заедница 2, Предлог-правилникот за заштита и спасување од пожари и експлозии, предлог-програмата за изменување и дополнување на програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на РМ на подрачјето на општина Неготино, предлог-одлуката за утврдување на услови за градење во село Криволак кое нема урбанистички план, како и предлог-одлука за разрешување и именување 1 член на Управниот одбор на ЈП Комуналец, а советниците ќе расправаат и по други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.