ПОЧЕТНА » МУЗИКА » УТРЕ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС ЌЕ СЕ ОДРЖАТ 57 МУЗИЧКИ ГРЕМИ НАГРАДИ

УТРЕ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС ЌЕ СЕ ОДРЖАТ 57 МУЗИЧКИ ГРЕМИ НАГРАДИ


Додадено на 07-02-2015 во МУЗИКА

На 8 февруари ќе се одржат 57-те музички Grammy награди кои ќе ја забавуваат публиката во Лос Анџелес. Оваа година, ќе се доделуваат 83 награди, што е една повеќе од претходната година. Со оглед на тоа дека се работи за еден од најгледаните светски телевизиски настани, настапот на наградите е огромна чест за изведувачите. Прва меѓу музичарите ќе настапи Кети Пери а ќе ја изведе својата нова балада „By the Grace of God“. Бијонсе ќе има прилика да покаже уште еднаш дека е кралица на сцената со изведбата на нејзината „Take My Hand Precious Lord“ и тоа пред настапот на славниот Џон Леџенд и песната „Glory“. 



Фарел Вилијам и Сем Смит се на листата, а заедно се номинирани во шест категории, исто како и Тејлор Свифт која неодамна открила дека нема да настапува затоа што е фокусирана на нејзината голема турнеја „1989“. По долго време ќе се појави и Мери Џеј Блајџ, која изгледа ќе не потсети на нејзините најголеми хитови. Кралицата на попот, Мадона, ќе има свој настап. Славниот рапер Канје Вест исто така ќе се појави на сцена, кој се пофали дека ќе има соло настап каков што досега немало, а потоа ќе му се придружи Ријана заедно со Пол Мекартни за да ја изведат нивната нова песна „FourFiveSeconds“. Се очекува дека ќе настапат Ед Ширан, Ербеј Ханкок, Џон Мајер и Миранда Ламберт.