УТРЕ ВО НЕГОТИНО ТРИБИНА СО ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЗОРАН СТАВРЕВСКИ
Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за финансии Зоран Ставрески придружуван од владини претставници, утре, четврток 11 февруари ќе оствари работна посета на Неготино во чии рамки ќе одржи трибина на која можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани од општина Неготино.

На трибината се очекува вицепремиерот Зоран Ставрески да ги претстави и образложи проектите на Владата на Република Македонија кои се најактуелни во моментов и кои се предмет на интерес кај повеќе категории на граѓани. Трибината ќе се одржи во салата на Центарот на култура Ацо Ѓорчев во Неготино со почеток од 19,00 часот.

