УТРЕ ВО НЕГОТИНО ЌЕ СЕ ОРГАНИЗИРА ДОБРОВОЛНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА
Утре, 17 Март во Општинската организација на Црвен Крст Неготино ќе спроведе уште една доброволна крводарителска акција на која може да даруваат сите заинтересирани граѓани од општината и да ја изразат својата хуманост и солидарност преку дарување на крв. оваа доброволна крводарителска акција ќе се спроведе во големата сала на општина Неготино.
Одговорните во неготинскиот Црвен крст велат дека секој граѓанин кој ќе се реши да дарува дел од неговата крв, покрај проверката на своето здравје, ќе придонесе за зголемување на бројот на крвни единици на ниво на цела држава, бидејќи крвта е незаменлив лек и е секојдневно потребна да се спасат и продолжат многу животи. Токму затоа се апелира до граѓаните на општина Неготино да се придружат на оваа доброволна крводарителска акција и да даруваат крв, бидејќи истата може да се случи да ни биде потребна на секој од нас.
Инаку, 17 март е значаен ден за Црвениот крст на РМ, датум кој го одбележува постоењето, дејствувањето, а воедно и успехот на сите волонтери кои овозможија оваа организација да опстојува толку време низ годините. 17 март е и ден на крводарителството, а доброволното дарување на крв претставува израз на високи етички, хуманитарни и морални вредности.