ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » УТРЕ И ВО САБОТА ВО НЕГОТИНО ЌЕ ИМА РЕДУКЦИЈА НА ВОДАТА ОД ПАРАЛЕЛНИОТ СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ

УТРЕ И ВО САБОТА ВО НЕГОТИНО ЌЕ ИМА РЕДУКЦИЈА НА ВОДАТА ОД ПАРАЛЕЛНИОТ СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ


Додадено на 28-07-2016 во НЕГОТИНО

Одговорните во Јавното претпријатие „ Комуналец “ од Неготино ги инфомрираат граѓаните дека поради вршење интервенција на каналската мрежа од страна на стручни лица од Водостопанство Тиквеш од Кавадарци утре, петок 29 и сабота (30 јули ќе има прекин на водата од паралелниот систем за наводнување.

Редукција на снабдувањето со вода од параллелниот систем за наводнување на дворните површини ќе биде во периодот од 07,00 до 17,00 часот. Од неготинското јавно претпријатие „ Комуналец “  ги замолуваат граѓаните за разбирање имајќи ја предвид неопходноста од интервенција на каналската мрежа, а воедно и апелираат за рационално користење на водата за пиење, посебно деновиве кога метеорлозите најавуваат високи температури и пеколни горештини.