УЧЕНИЦИ ОД ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НЕГОТИНО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД БЕА ВО ПОСЕТА НА ОУ ПАВЛЕ РОВИНСКИ ВО ПОДГОРИЦА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ СОЛИДАРНОСТ БЕЗ ГРАНИЦИ
Ученици од ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино заедно со своите наставници изминатиот период беа во работна посета на ОУ „ Павле Ровински “ во Подгорица во Црна Гора. Посетата беше во рамки на реализацијата на проектот АЦЕС- Солидарност без граници награден проект на Академијата на централно европските училишта.
Учениците заедно со своите наставници Татјана Ѓорѓиевска и Павлинка Велјаноска ја искористија посетата и преку забава, другарувања и прекугранична соработка она што всушност е и дел од самиот проект и се запознаа со обичаите и културата на земјата домаќин Црна Гора. Преку заеднички игри на плажите во Будва и Херцег Нови тие учеа како е да се биде солидарен, да се подаде рака на оној кој му треба, тимски да се победи но и да се прифати пораз.
Својата солидарност неготинските ученици и наставници ја демонстрираа и со посета на единствениот центар за деца без родителска грижа во Црна Гора заедно со учениците и наставниците од трите партнер училишта од Словенија, Црна Гора и Македонија.
Како составен дел од АЦЕС проектот „When me becomes we“ кој е награден проект од конкурс на тема „Солидарност“, учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од Неготино заедно со своите наставнички Татјана Ѓорѓиевска и Павлинка Велјаноска претходно остварија студиска посета на училиштето во Смартно похорје во Република Словенија. Заедно со учениците од тамошното основно училиште „Павле Ровински“ спроведоа низа заедничи едукативни активности и работилници на тема „ Поврзани училници и културна кутија “ како прв дел од истражувањето на земјата домаќин Словенија. Неготинските ученици присуствуваа и на историскиот час за истражување на Похорје ,а беше остварена посета и на Марибор и Љубљана .