ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » УЧИТЕЛКИТЕ ЗА 8 МАРТ НЕ СМЕАТ ДА ЗЕМАТ ПОДАРОЦИ ПОСКАПИ ОД 1000 ДЕНАРИ
УЧИТЕЛКИТЕ ЗА 8 МАРТ НЕ СМЕАТ ДА ЗЕМАТ ПОДАРОЦИ ПОСКАПИ ОД 1000 ДЕНАРИ
Додадено на 06-03-2015 во МАКЕДОНИЈА
Учителките годинава не смеат да земаат скапи подароци за 8 Март. Од 13 минатиот месец почна да се применува новиот Закон за вработените во јавниот сектор, во кој вредноста на подарокот кој смеат да го примат државните и јавните службеници е ограничена до 1.000 денари, и тоа најмногу трипати во годината. Во оваа категорија спаѓаат и учителките и професорките во училиштата. Сепак, дел од учениците во училиштата собираат пари за скапи подароци, пишува весникот Вест.