ФЕВРУАРСКИ ПОХОД НА СПАОК АНТИГОНЕА НЕГОТИНО
СПАОК „ Антигонеа- Нег “ од Неготино продолжува со реализација на бројни активности. Имено, во соработка со СОУ„ Св.Кирил и Методиј " од Неготино и професорите по спорт и спортски активности Наталија и Златко Петрови, СПАОК „ Антигонеа " го реализираше традиционалниот февруарски поход.
„ На походот учествуваа 60 планинари и рекреативци од општина Неготино, меѓу кои најбројни беа најмладите. На походотучествуваа 35 средношколци од СОУ,,Св.Кирил и Методиј" oд Неготино, а имаше ученици и од ООУ,,Гоце Делчев" и ООУ,,Страшо Пинџур" oд Неготино, а мораме да истакнеме дека најмладиот учесник на походот имаше само 6 години. Походот започна од градскиот плоштад во Неготино, а како цел којашто требаше да се освои беше највисоката точка во околината на Неготино, Тимјаничка цуцка „ – велат од СПАОК.
На походот бил поканет и професор по историја Блаже Лазовски којшто неколку години е во пензија и со задоволство ја прифатил поканата на клубот да биде дел од овој поход. Во честа на походот, а по барање на планинарското друштво Антигонеа, професорот Лазовски на присутните им одржал историски час во природа поврзан со февруарскиот поход и учеството на борците од тиквешијата во овој поход.
Од неготинското планинарско друштво изразија и посебна благодарност до профрсорот Блаже Лазовски и се надеваат дека соработката ќе продолжи и во иднина. Присутните на походот испешачиле вкупно 10 км, а многумина од младите и рекреативците за првпат биле дел од ваква манифестација. Организациониот одбор на походот упатува благодарност до сите кои биле дел од оваа рекреативна тура и најавуваат бројни активности и во периодот што следува.