ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ФЕСТИВАЛОТ НА ТРКАЛА 2016 ВО НЕГОТИНО

ФЕСТИВАЛОТ НА ТРКАЛА 2016 ВО НЕГОТИНО


Додадено на 28-07-2016 во НЕГОТИНО

Во насока на збогатување на културната понуда за време на летните денови во општина Неготино и проширување на спектарот на квалитетни и разновидни културни содржини, Цетарот за култура „ Ацо Ѓорчев “ Неготино од 25 јули па се до денес започна со прикажување на филмови од богатата европска кинематографија. Филмовите се прикажуваат со почеток од 20,30 часот на видео бим поставен на бината на градскиот плоштад во центарот на градот.

Инаку, овие филмови се прикажуваат во рамки на третиот македонски „ Фестивал на тркала 2016 “ кој започна од општина Прилеп и Неготино. Од Прилеп и Неготино, фестивалот продолжува во Могила, Крушево и Штип.

„ Филмските тркала продолжуваат да се движат по патиштата низ земјава и покрај тоа што годинава не добија поддршка од Агенцијата за филм. И покрај тешките економски времиња, фестивалот на тркала им дава на децата и на возрасните низ републиката причина за уживање во квалитетен филм “ -, велат од продукциската и дистрибутерска компанија „Катавеј“ од Скопје кои воедно се организатори на фестивалот.

Влезот за сите проекции беше слободен.