ФИЛМОТ ТАТКО ВО КАВАДАРЦИ
Љубителите на филмската уметност ги потсетуваме дека почнувајќи од понеделник 21 март па до среда 23 март во Домот на културата „ Иван Мазов Климе“ со почеток во 19 часот и 30 минути ќе имаат можност да го проследат проекциите на играниот филм „ Татко“ во режија на Висар Морина.
Филмот „ Татко“ е бегалска драма која ја раскажува приказната на десетгодишниот Нори и неговиот татко Г зим во предвоено косово во 90 –години на минатиот век. Гзим бегајќи од минатото го напушта косово без својот син, а момчето ќе стори се за да го задржи својот татко. Лут, но цврсто одлучен Нори тргнува на опасно патување за да го најде Гзим кој бега за Германија. Тоа е накратко содржината на филмот во кој улогите ги толкуваат Вал Малоку, Астрит Кабаши, Енвер Петровци и други. Филмот е подржан од Агенцијата за филм на Република Македонија како малцинска продукција.