ФК ВАРДАР НЕГОТИНО ДЕНЕСКА ГО ИГРА ВТОРИОТ БАРАЖ МЕЧ
Денеска со почеток од 16,00 часот повторно на градскиот стадион во Прилеп ГФК „ Вардар “ Неготино ќе го одигра реванш бараж мечот со екипата ФК „ Вардари “ Форино, по што и официјално ќе биде познат патникот во Втората фудбалска лига на Македонија. Фудбалерите и членовите на Управата констатираа дека неготинскиот тим е далеку поквалитетен од противникот и ќе се обидат и во денешниот меч да остварат победа и да го потврдат влезот во повисок ранг на натпреварување.
Имајќи го предвид предходно наведеното, во организација на општина Неготино и ФК „Вардар“ денес по завршувањето на натпреварот во Прилеп, на градскиот плоштад во Неготино со почеток од 19,30 часот ќе биде организиран свечен дочек на „вардарци“ проследен со пригодна програма и обраќања пред присутните. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, членовите на Управата и фудбалерите на Вардар упатуваат јавна покана до сите љубители на спортот и фудбалот од општина Неготино вечер од 19,30 часот да повелат на градскиот плоштад и сите заедно во една славеничка атмисфера да го прослават влегувањето на Вардар во Втората фудбалска лига на Македонија.