ПОЧЕТНА » МУЗИКА » ФОТО: Навивачите на Ривер Плата го развеаја најдолгото знаме

ФОТО: Навивачите на Ривер Плата го развеаја најдолгото знаме


Додадено на 22-10-2012 во МУЗИКА

Навивачите на Ривер Плата направија нешто што ретко се гледа, го развеаја најдолгото знаме во историјата.

 

 

Знамето на Ривер Плата го носеа 50.000 фанови, а се протегаше од стариот стадион кој се наоѓа во Палермо до стадионот Монументал на кој тимот од Буенос Аирес игра од 1938-ма година. Целата оваа парада траеше повеќе од три часа.

 

 

 

Знамето беше долго цели 7.829 метри, а широко 74 сантиметри, а со тоа навивачите се надеваат дека ќе влезат во Гинисовата книга на рекорди.

 

 

 

По службеното мерење од страна на Гинис, знамето ќе биде подоелено на помали парчиња кои ќе бидат изложени во музеи, владините згради како и на разни спортски објекти.