ПОЧЕТНА » ФИЛМ » Фрчкоски: Го кршевме ембаргото со амин од Американците

Фрчкоски: Го кршевме ембаргото со амин од Американците


Додадено на 22-10-2012 во ФИЛМ

Љубомир Фрчкоски признава дека ембаргото кон Србија, било кршено од македонска страна додека тој беше министер за внатрешни работи.

 

 

Во својата колумна за „Фокус“, Фрчкоски пишува дека кршењето било правено со одобрување од меѓународната заедница, особено од Американците, со услов да не се пренесува оружје  и стратегиски материјали за војната. 

-Нас ембаргото на српската граница ни се закануваше со брз колапс на целата македонска економија, бидејќи веќе бевме блокирани на јужната граница од Грција и со тоа отсечени по клучната трговска трансверзала за нас, север-југ. Ако се земе предвид дека исток-запад беше затворена, поради колапсот на Албанија и немањето трговски врски со Бугарија, излез не се гледаше. Секоја влада на Македонија без двоумење и сите визнис и политички фактори го признаваа тоа и запомагаа за решение! Тоа го прифати и целата меѓународна заедница, посебно Американците, кои премолчено се согласија дека треба тоа ембарго од Македонија кон Србија да попушти, пишува Фрчкоски во колумната во дневниот весник “Фокус“.

Фрчкоски  во колумната објаснува како се одвивало кршењето на ембаргото и дека Македонија за тој процес не била опоменувана, ниту била покрената постапка за казнување.

-За да се воспостави контрола врз пробивот на ембаргото, владата на Македонија формираше, комисија, на чие чело застана потпретседателот на економскиот систем Ј. Андонов Реган, каде членови беа П. Трајанов, С. Богоевски (тогаш потсекретари во МВР) и по еден член од Министерството за стопанство и од царината. Таа комисија треба да одобрува кои фирми ќе транспоритраат и што, да следи и контролира се’ што одеше преку границата. Македонските фирми кои транспортираа стока, се најавуваа кај оваа комисија, уплаќаа некаква сума, процент од проенетата стока, на посебна сметка во буџетот на РМ и по оценка на комисијата, добиваа дозвола за транспорт, пишува Фрчкоски. 

Документите за пробивот на ембаргото, пишува Фрчкоски, се во владата и секој може да ги разгледа.