ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » Фудбалот и борбата против дискриминацијата го споија Неготино со два бугарски града

Фудбалот и борбата против дискриминацијата го споија Неготино со два бугарски града


Додадено на 28-10-2013 во НЕГОТИНО

 

Под мотото „Со фудбалот против расизмот и дискриминацијата во Еврапа“, вчера Сујузот на невладини организации Вавилон во Неготино ги заокружи активностите со кои во претходните неколку дена ја одбележа Фаре-неделата на акција 2013.

 

Спортските игри се одржаа на терените на спортската сала „Младост“ во Неготино, а гостуваа ученици од градот Гоце Делчев, како и од градот Јокоруда, Бугарија. Притоа, невладината организација „Еуроалтернативи 21“ од Јокоруда го организира гостувањет на учениците од Бугарија.

 

Инаку, Фаре-неделата на акција почна на 15-ти октомври, а завршува на 29-ти, а е проследена со низа активности кои ги анимираат младите.

 

Е.Д.