ХУМАНОСТА ЗА ИЛИЈА ТАНЕВСКИ ОД НЕГОТИНО
Преку разни настани општина Неготино и неготинци продолжуваат да ја покажуваат својата хуманост. Имено, во саботата 7 мај со почеток од 19,30 часот свој концерт одржа КУД „ Ацо Ѓорчев “ од Неготино на кој гостуваше и КУД „ Младост “ од Врање, Р. Србија. Цената на билетите изнесуваше 50 денари за деца, а 100 денари за возрасни, а собраните средства од концертот, КУД „ Ацо Ѓорчев “ ќе ги донира за младиот Илија Таневски од Неготино кој боледува миксоиден липосарком и во моментов е на лекување во Германија. Покрај овој концерт, општина Неготино и неготинци организираа бројни настани. ООУ „ Гоце Делчев “ од Неготино организираше хуманитарен концерт кој вроди со плод односно собраните средства ги донираа за младиот Илија кои ќе му помогнат во лекувањето и надминувањето на болеста. Беше организирана и хуманитарна музичка вечер на која учество земаа бројни музички ѕвезди од Македонија.
Еден од најмасовните хуманитарни настани посветени за младиот Илија од Неготино беше дербито помеѓу фудбалските екипи Вардар од Неготино и Тиквеш од Кавадарци. Приходот од продадените влезници од натпреварот беше дониран за лекувањето на Илија од кои беа собрани околу 200.000 денари, а донираа и навивачите од навивачката група Лозари. Се организираа уште многубројни настани со кој ќе му се помогне на младиот Илија Таневски од Неготино да ја победи болеста. Кутиите за донации остануваат и понатаму отворени за сите оние кои сакаат да донираат, а остануваат отворени и телефонските броеви за донации и донациската сметка. Покажете ја вашата хуманост за да му помогнеме на семејството Таневски да ги собере потребните парични средства. Помогнете за спасување на уште еден млад живот!