ЦВЕТНИТЕ ПАТЕКИ НА ЖИВКО ПОПОВСКИ ЦВЕТИН ПРЕТСТАВЕНИ ПРЕД НЕГОТИНЦИ
Во Музејот на град Неготино вчера беше отворена изложбата на уметникот и хуманист Живко Поповски Цветин насловена „ Цвеќе на мирот “. На оваа изложба „ Цвеќе на мирот “ беа претставени 33 плус една слика чиј основен мотив е токму цвеќето, а не случајно е одбран и токму 21 март денот на пролетта. За самиот автор и изложбата говореше директорот на Музејот на град Неготино Ристе Марков кој воедно ја прогласи и истата за отворена, а беа прочитани и литературни песни посветени токму на Цветин.
Покрај изложените слики присутните имаа можност и на лице место да гледаат како уметникот Цветин ги слика овие слики.
На крајот од изложбата присутните потпишаа и порака на мирот која ја ставија во шише и ја фрлија во реката Вардар од каде симболично ќе отпатува до целиот свет. Од Музејот на град Неготино истакнаа дека оваа изложба ќе биде отворена до крајот на овој месец и сите заинтересирани граѓани од општина Неготино ќе имаат можност да дојдат и да ја погледнат.