ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » ЦЕНАТА НА АВТОГАСОТ НАЈНИСКА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ

ЦЕНАТА НА АВТОГАСОТ НАЈНИСКА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ


Додадено на 12-01-2015 во МАКЕДОНИЈА

Цената на автогасот во последните две години е на најниско ниво. Автогасот на бензинските пумпи деновиве се намали за речиси два дена и сега се продава за 31 денар за литар. Ова е најниска цена на течниот нафтен гас во последните две години. Иака цените на бензините и дизелот се намалија за околу 25 отсто поради драстичниот пад на цената на суровата нафта на светска берза, во последните шест месеци од минатата година автогасот не поефтини.

Според податоците од европскиот портал за цени на течниот нафтен гас, во јануари минатата година еден литар на течен нафтен гас во Македнија се продаваше за 46 денари, а безоловниот бензин од 98 октани за 79 денари. Минатата година во јуни кога почна да се намалува цената на суровата нафта, течниот нафтен гас се продаваше за 38,5 денари, а бензинот за 83 денари за литар. Значи во последните шест месеци цената на бензините се намали во просек од 25 отсто, а на автогасот само за 10 отсто.

Трговците со нафтени деривати во Македонија велат дека ваквиот мал пад на цената на автопинот лежи во стабилната берзанска цена на ова гориво во изминатите неколку месеци, која се движела речиси 610 долари за тон. Инаку, цената на течниот хафтен гас на макеоднскиот пазар не ја утврдува регулаторната комисија за енергетика туку трговците ја формираат слободно според движењето на цената на светската берза,но според реалната понуда и побарувачка на пазарот. Употребата на автогасот како еколошко и пред се ефтино гориво последните неколку години зема силен замав, така што сега голем број на фирми нудат инсталација на плински уреди во возлата, а цените се во зависност од капацитетот и квалитетот а се движат од 300 до 700 евра. Возачите што користат ваков тип на гориво, велат дека течниот нафтен гас доколку се користи како моторно гориво не се состои само од пониската цената во однос на моторните бензини, туку во продолжениот век на траење на моторот и ниските трошоци за одржување на возилото.