ЦРОР НЕГОТИНО НЕПРЕСТАНО РАБОТИ И КОНТИНУИРАНО СПРОВЕДУВА ГОЛЕМ БРОЈ НА ПРОЕКТИ. ТОКМУ ВО ОВОЈ ПЕРИОД ЧЛЕНОВИТЕ НА МЕДИА АРТ-КЛУБОТ РАБОТАТ НА МОДУЛОТ-ПЕРФОРМАНС
Центарот за регионален и одржлив развој во Неготино, непрестано работи и континуирано спроведува голем број на проекти. Во рамки на проектите, преку целата учебна година Медиа АРТ клубовите во цела Македонија кои се дел од мрежата на Младинскиот образовен форум работат според програмата на Медиа/Арт клубот, која за секој град е изготвена од координаторот на клубот. Токму во овој период членовите на Медиа АРТ КЛУБ Неготино работат на модулот перформанс односно спроведуваат работилница чии цели се запознавање на членовите со примената на перформансот, зголемување и надоградување на капацитетот и вештините за изведување на претстава на членовите на медиа-арт клубот како и зголемување на јавната свест на младите во Неготино преку изработка на перформанс за локалните проблеми и подигнување на јавната свест на истите.
Како резултат од овие предавња и работилници младите членови на Медиа АРТ ќе имаат завршен настан, а во Медиа АРТ клубот во Неготино настанот ќе биде реализиран преку перфомранс.
Инаку, Медиа/Арт клубовите на Младински образовен форум (МОФ) се место за слободно и креативно изразување на младите. Членовите на овие клубови учат како да ги користат новите медиуми и техниките на уметноста со цел да се постигне младински активизам и помагање на локалната заедница. Во моментов во Македонија постојат 5 клубови и тоа во Скопје, Тетово, Велес, Неготино и Струга кои во текот на годината работат на развивање на уличната и дигиталната уметност, видео активизам и краткометражни филмови, новинарство и радио емисии, перформативна уметност и драма, и од оваа година, реупотреблив дизајн. Содржините кои младите членови на Медиа/Арт клубовите ги создаваат имаат цел да поттикнат размислување и дејствување на конкретна општествена тема од нивен интерес, а времетраењето на една работилница е максимум два месеци во кои членовите темелно ги изучуваат алатките кои се предвидени во програмата.