ЧЕСТИТКА ЗА ВЕЛИГДЕН ОД МИТРОПОЛИТОТ ПОВАРДАРСКИ АГАТАНГЕЛ
Митрополитот на Повардарската епархија г. Агатангел до сите православни верници по повод празникот Велигден упати празнична честитка во која се вели. Драги браќа и сестри ! Велигден е извор на нашата радост, на нашиот мир и на нашата надеж. Празнувајќи го Воскресението Христово, го молиме нашиот Господ и Спасител да не просветли и постојано да ја чува во нас Неговата воскресенска светлина. Воскреснатиот Богочовек нека не крепи со неговата сила во нашиот секојдневен живот. Троичниот Бог нека го утврди во нас христијанскиот дух и нека ги зајакне нашите срца, радоста и премудроста. Со паскална радост и љубов, додава Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Ви го честитам најголемиот христијански празник Воскресението Христово-Велигден. Христос воскресна ! Навистина воскресна !