ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » Честитка од претседателот Ѓорѓе Иванов за празникот 8 Ноември

Честитка од претседателот Ѓорѓе Иванов за празникот 8 Ноември


Додадено на 08-11-2014 во НЕГОТИНО

По повод одбележувањето на празникот на општина Неготино 8-ми Ноември и 70-годишнината од ослободувањето на градот, честитка до сите граѓани нa општина Неготино пристигна и од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.

 

 

 

Почитуван градоначалник г. Апостолов !

Дозволете ми по повод одбележувањето на 8-ми Ноември и 70 годишнината од ослободувањето на Неготино да Ви упатам искрени честитки и да Ви се заблагодарам на поканата за присуство на пригодната програма што се одржува овие денови, а по повод чествувањето на празникот.

Програмата со која го одбележувате празникот на општината е потврда за вложениот труд и спроведените активности во изминатиот период. Промовирањето на спортски и културни настани, како и доделувањето на награди и признанија за сработеното, говори за успешното работење на општината Неготино и за заложбата за создавање на современа и модерна општина.

Со искрено жалење Ве известувам дека поради однапред преземени работни обврски, нема да бидам во можност да присуствувам на одбележувањето на празникот на општина Неготино.

Упатувајќи Ви уште еднаш срдечни честитки Ви посакувам и во иднина продуктивна и успешна работа !

 

                                                                                Претседател на Република Македонија

                                                                                                                Ѓорѓе Иванов