ЧЕТВОРИЦА ВОЛОНТЕРИ ОД ЦРОР ЌЕ УЧЕСТВУВААТ НА МАЛДИНСКА РАЗМЕНА ВО ГЕРМАНИЈА
Четворица волонтери во Центарот за регонален и одржлив развој во Неготино и нивниот лидер, во периодот од 31 јануари па до 8 февруари оваа година, ќе учествуваат на малдинска размена „ Пустина, шума и мраз-интеркултурна соработка преку истражување на животната средина “ во Франкфурт Одер, Германија. Целта на оваа младинска размена е да ги направи учесниците свесни за поврзаноста на културата и животната средина. Во оваа програма учесниците ќе го истражуваат ледениот свет, ќе посетат фабрика за производство на хартија како и зоолошка градина во која ќе се запознаат со животните кои се наоѓаат во овој период во Франкфурт Одер, Германија. Во овие активности ќе бидат вклучени и интеркултурни вечери, куглање и филм.
Преку истражувања на разни еколошки простори учесниците ќе се доведат до повеќе културно разбирање, толеранција и солидарност, како и решенија за глобалните еколошки предизвици. На проектот ќе учествуваат повеќе земји кои доаѓаат од различна животна средина и различни климатски услови. Во овој проект вклучени се 6 земји: Германија, Македонија, Африка, Босна и Херцегвина, Полска и Велика Британија. Овој проект се состои од три дела. Вториот дел ќе се одвива во Тунис, Африка каде ќе се истражува пустинскиот дел преку разни истражувања и посета на неколку познати места, а третиот дел во Клјуч, Босна и Херцеговина каде предвидено е да се истражува жумата и дивите води преку спортски активности. на секоја од овие три размени ќе учествуваат по 30 учесници, од секоја држава по 5 лица, 4 волонтери и еден лидер. Инаку , проектот е финансиран од Европска Комисија преку програмата "Еразмус +".