Четири кандидати за селектор на машката ракометна репрезентација
Додадено на 14-03-2013 во СПОРТ
Многу работа ги очекува членовите на комисијата на РФМ за избор на селектор на машката ракометна репрезентација. Денеска до 14 часот кандидатура поднеле четири кандидати: Ристо Магдинчев, Иле Темелковски, Владимир Глигоров и Ивица Обрван. Рокот за поднесување истекува вечерва на полноќ, но за утрешниот ден ќе се очекува и поштата евентуално за некоја кандидатура да не стигнала и по пошта.
Комисијата во состав Гордана Нацева, Никола Панчевски и Ѓорги Тренковски утре ќе одржи состанок, а за петок (15.март) е закажана прес конференција на која ќе бидат соопштени и деталите.