ЧЛЕНОТ НА БК НЕГОТИНО ДИМИТАР ВАНДОВ ДЕНОВИВЕ Е НА ПОДГОТОВКИ СО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА БОРЕЧКИ СПОРТОВИ НА МАКЕДОНИЈА
Членот на БК „ Неготино “ Димитар Вандов од Неготино кој инаку е државен првак во кадетска конкуренција до 85 кг. деновиве е на подготовки со репрезентацијата на боречки спортови на Македонија. Како млад надежен борач Вандов е повикан на овие подготовки кои се спроведуваат од 16 декември, а ќе траат до 25 декември годинава. Тренерот на БК „ Неготино “ Јане Мелов истакнува дека овие подготовки за Димитар ќе бидат од големо значење бидејќи во наредната година му претстојат многу учества на државни првенства. Инаку, Димитар е активен член односно борач на БК „ Неготино “ веќе 4 години. Во 2013 година беше државен првак за деца, а во 2015 година беше трет на јуниорското првенство до 20 години. Покрај на домашни натпревари Димитар има учествувано и на бројни меѓународни натпревари, а како позначајно е 5 место балканското првенство кое се одржа оваа година во Бурса, Република Турција.