ПОЧЕТНА » храна » ЧОКОЛАДНА СНИКЕРС БАКЛАВА

ЧОКОЛАДНА СНИКЕРС БАКЛАВА


Додадено на 19-02-2015 во храна

 

СОСТОЈКИ:

* 500 гр. Кори за баклава

*150 мл масло ( за премачкуање на корите )

* 150 гр. Маргарин за преливот пред печење

ЗА ФИЛ:

* 350 гр. Мелени печени кикирики

* 50 гр мелени плазма бисквити

* 150 гр рендана чоколада за готвење

* 150 гр шеќер

ЗА ШЕРБЕТ:

* 800 мл вода

* 650 гр шеќер

* 1 лимон

ЗА ЧОКОЛАДИРАЊЕ:

 * 150 гр чоколада за прелив

ПОДГОТОВКА:

Филот го подготвуваме така што мелените кикирики, плазма бисквити, чоколадото и шеќерот ги ставаме во сад и убаво ги мешаме. Во сан на оган ја ставаме водата, шеќерот и сокот од лимон. Мешаме се додека шеќерот не се растопи и смесата зоврие, шербетот го ставаме на страна и оставаме да се излади. Се зема една кора и се попрскува со масло. Над неа се става втора кора. Над втората кора се нанесуваат 4 полни лажици од филот. Двете кори ги виткаме во ролат, а потоа формираниот ролат го стегаме. Постапката ја повторуваме со сите кори. Ролатите ги сечеме на парчиња. Маргаринот го растопуваме и ги прелеваме ролатите. Баквата ја печеме на температура од 220 степени. Испечената баклава додека е врема ја прелеваме со изладениот шербет. Кога баклавата ќе се излади ја декорираме со растопеното чоколадо.