ШВАЈЦАРСКИ ЧОКОЛАДНИ КОЦКИ ГОТОВИ ЗА 20 МИНУТИ
Потребни состојки
- 2 јајца
- 200 грама шеќер
- 80 грама чоколадо за готвење
- 140 грама мелени бисквити
- 80 грама путер
- 40 грама мелени ореви
Подготовка:
Изматете ги јајцата и шеќерот и оставете смесата да се загрее на тивок оган. Потоа додајте го путерот во средината и мешајте додека смесата не се соедини. Тргнете ја од оган и додајте ги мелените бисквити, чоколадото и мелените ореви. Мешајте убаво додека смесата не се соедини целосно, а потоа посипете во коцкасти калапи за колачи претходно обложени со хартија за печење. Оставете да се печат на 180 степени околу 15 минути. Откако ќе се испечат, извадете ги и наредете ги во чинија, па прелијте ги со стопено чоколадо. За декорација може да ставите по еден цел орев, кокос или какао на секоја коцка.