ПОЧЕТНА » СПОРТ » Ѓоковиќ во четвртфиналето на Индијан Велс

Ѓоковиќ во четвртфиналето на Индијан Велс


Додадено на 14-03-2013 во СПОРТ

 

Првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Индијан Велс, откако го победи Американецот Сем Квери со резултат 6:0, 7:6(6).

По четири часа чекање дуелот да почне, тенисерите излегоа на централниот терен, половина час по полноќ, по локално време, пред полупразните трибини.

Ѓоковиќ беше исклучително мотивиран и првиот сет го одигра во брутално силен ритам и го доби со 6:0. Меѓутоа во вториот, Квери пронајде решение и успеа да врати брејк. Сепак Србинот беше подобар во тај-брејкот.

Ноле во четвртфиналето ќе игра против Французинот Жо-Вилфред Цонга. Досега се имаат сретнато 14 пати, од кои девет завршиле со победа на Ѓоковиќ.