Ѓоковиќ Мареј Цонга и Дел Потро во осмина финалето на Индијан Велс
Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ синоќа на турнирот Индијан Велс го совлада Бугаринот Григор Димитров.
Ѓоковиќ во следната рунда ќе игра со Американецот Сем Квери, а подобриот од овој дуел ќе се вкрсти со победникот од мечот Жо Вилфред Цонга и Милош Раониќ.
Цонга вчера по два часа игра, сет и тај брејк беше подобар од Американецот Марди Фиш, а Раониќ победи во дуелот со Марин Чилиќ.
Третопласираниот на АТП листата, британецот Енди Мареј се пласира во осминафиналето откако за час и половина го совлада Лу Јен Хсун од Тајван со 6:3 и 6:2. Толку време му требаше и на Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро да го победи Германецот Бјорн Фау со 6:2 и 7:5.
Мареј во следната рунда ќе се сретне со Карлос Берлок, а Дел Потро со Германецот Томи Хас.