ЃОРЃЕ БАЛАШЕВИЌ СО НОВА ПЕСНА ЗА КЕМАЛ МОНТЕНО
Ѓорѓе Балашевиќ напиша песна посветена за неодамна починатиот негов колега, Кемал Монтено, кој во песната го нарекува постар брат.
- Кога ти недостига разговорот со некого, дури тогаш можеш да замислиш колку ти недостига тој некој, изјавил Балашевиќ и ја раскажал анегдотата за заедничките свирки во Бања Лука кога некои мангупи му ја украле јакната на Кемал.

- Кемо не се нервираше многу, како да знаеше. За половина час, кога се слушна за тоа, се појавија истите ликови и му ја вратија. Му рекоа на полицајците дека не знаеле дека се работи за јакната на Кемал, сподели Балашевиќ. Песната е исполнета со неговите чувства кои искажуваат како се чувствува по неговата смрт, а самиот наслов „Duet“ подоцна е надополнет со зборовите „Ovaj duet otpevacu sam, ne ide to znam…“.

