ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И АНКЕТА ПО ПРЕДЛОГ ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА УЗ 6
Врз основа на Законот за просторно и урбанистичко планирање, општина Неготино организира јавна презентација и јавна анкета по предлог-измената и дополната на УЗ 6-дел од блок 1 во катастарска општина Неготино со граници на опфатот: на северозападната страна е улица Пекарев, на исток улица Јане Сандански и на југозападната страна е улица Ацо Аџи Илов и со опфат на површина од 1,12 хектари. Јавната анкета ќе трае 10 денови заклучно со 04.08.2016 година секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, а во споменатиот рок заинтересираните граѓани од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетни листови. Инаку, јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на 28.07.2016 година со почеток од 11:00 часот во просториите на општина Неготино.