ЈАЈЦЕ СО ПРИРОДНА ЦРВЕНА БОЈА СНЕСЕНО ВО ЖИВИНАРСКА ФАРМА ВО С. ПАЛИКУРА
Несекојдневно јајце со природна црвена боја викендов е снесено во живинарската фарма „ Лаки “ во село Паликура.
Сопственикот на фармата Савка Милкова вели дека ова несекојдневно јајце е забележано од страна на вработените при проверката и сортирањето на јајцата во живинарската фарма. Таа додава дека вакво нешто во 19 годишното работење на фармата не е случено притоа нагласувајќи дека фарма од своето постоење па досега користи ист начин и иста храна за несилките. Отец Трајче Грозданов од црквата „ Свети Димитрија “ Кавадарци вели дека досега се случувале вакви чуда да на јајце се појави ликот на светиот Исус Христос или ликот на Марија Магдалена, но не запатено е вакво природно снесено црвено јајце во Кавадарци.