ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ ПОДРАЧНА ЕДИНИЦА ДЕМИР КАПИЈА НЕМА ДА СКЛУЧИ ДОГОВОР СО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ ОД НЕГОТИНО

ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ ПОДРАЧНА ЕДИНИЦА ДЕМИР КАПИЈА НЕМА ДА СКЛУЧИ ДОГОВОР СО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ ОД НЕГОТИНО


Додадено на 03-02-2016 во НЕГОТИНО

ЈП „ Македонски шуми “ ПСШ „ Демир Капија “ од Демир Капија ги известува пензионерите од Неготино дека нема да склучи договор со Здружението на пензиомери од Неготино бидејќи ЈП „ Македонски шуми “ работи во интерес на граѓаните на р.Македонија да си набават поефтино огревно дрво со поволни услови.

ЈП „ Македонски шуми “ ПСШ „ Демир Капија “ од Демир Капија ги известува пензионери дека само за нив ќе обезбеди огревно дрво во количина од :

- Даб 3000 м.п

- Бука 500 м.п

Да напоменеме дека оваа количина е само за Пензионерите од Неготино и тоа по цена:

- Даб - 2750 днеари

- Бука - 2680 денари

Во цената е вклучен превозот и плаќањето може да се изврши на 8 рати. Затоа се повикуваат сите пензионери да отидат во Подружницата на ЈП „ Македонски шуми “ и да склучат договори за купопродажба на огревно дрво најдоцна до 15 март 2016 година- стои во известувањето од  ЈП „ Македонски шуми “ ПСШ „ Демир Капија “ од Демир Капија.