ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ ПОДРАЧНА ЕДИНИЦА ДЕМИР КАПИЈА ОБЈАВИ ЈАВЕН ПОВИК ЗА КУПУВАЊЕ НА ОГРЕВНО ДРВО ЗА 2016
ЈП “ Македонски шуми “ подрачна единица Демир Капија деновиве објави јавен повик до сите заинтересирани граѓани со кој се повикуваат доколку сакаат да купат огревно дрво истото да го направат најдоцна до 15 март 2016 година. Сите заинтересирани физички лица ( пензионери и инвалиди ) кои имаат намера да склучат договори за купопродажба на огревно дрво за 2016 година, својата апликација најдоцна до 15 март следниот месец во подружниците на Јавното претпријатие.
Од јавното претпријатие информираат дека огревното дрво ќе може да се купи до 8 рати со тоа што првата рата е потребно да се плати веднаш при склучувањето на договорот, а испораката ќе започне со отплатата на половина од договорената количина, а со апликацијата потребно е да се достави решение за инвалидност или пензија. Огласот важи и за продажба на огревно дрво на физички лица од социјални ранливи категории така што со апликацијата односно барањето потребно е да достават потврда од надлежна институција за докажување на статусот. Апликација за склучување договор за купопродажба на огревно дрво за 206 година може да поднесат и сите физички лица од општината најдоцна до 15 март но огревното дрво ќе може да го купат на 5 рати или пак со готовинска уплата. Првата рата се плаќа веднаш при склучување на договорот, а испораката ќе се изврши со отплата на последната рата. Од подрачната единица на Македонски шуми во Демир Капија истакнуваат дека договорите ќе можат да се склучуваат по приемот на барањето апликацијата, а без апликација нема да пристапат кон склучување на договорот. Со оглед на дадените рокови, од подружницата додаваат дека количините се ограничени и затоа договорите ќе ги склучуваат по принципот кој прв дојде. Сите заинтересирани граѓани апликациите може да ги преземат на интернет страницата на Македонски шуми или директно во просториите на Подрачната единица во Демир Капија.