ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ЌЕ БИДЕМЕ СВЕТСКИ ПРВАЦИ ВО КИНОТО ВО НЕГОТИНО

ЌЕ БИДЕМЕ СВЕТСКИ ПРВАЦИ ВО КИНОТО ВО НЕГОТИНО


Додадено на 30-03-2015 во НЕГОТИНО

По филмското прикажување на американскиот трилер „ Сивиот “ овој месец, Центарот за култура „ Ацо Ѓорчев “ од Неготино продолжува со проекција на голем број филмски хитови од светската филмска идустрија. Во рамки на ова филмско претставување, од 30 март па се до 2 април, киното при неготинскиот  центарот за култура ќе го прикажува новиот српски филм „ Бичемо прваци света “ или во превод  „ Ќе бидеме светски прваци “, со почеток од 19 :30 часот по цена од 80 денари.

„ Ќе бидеме светски прваци “ е српски филм од 2015 година, во режија на Дарко Бајиќ, сценариото е на Гордан Михиќ и Небојша Ромчевиќ, а по идеја на Звонимир Шимунеца. „ Ќе бидеме светски прваци “ е приказна за четворица пионери кои ја основале Југословенската школа за кошарка и се заслужни за развојот на овој спорт во Европа. Филмот говори за издигнувањето на југословенската кошарка, односно централното случување е финалниот натпревар на Светското првенство во Љубљана далечната 1970 година помеѓу тимовите на Југолавија и Соединетите Американски Држави.
Низ призмата на главниот лик Небојша го следиме развојот и животниот пат на ентузијастите кои со својата професионалност, идеи и напори го оствариле својот сон – првиот златен медал на Светско првенство, со огромна помош од истомислениците од сите краеви на поранешната земја. Својата премиерна проекција , филмот ја доживеа во Белград на 26 февруари оваа година. Покрај во Србија, филмот е сниман и во Словенија, Хрватска и Македонија, а во него покрај познатите српски актери, свои улоги имаат и македонските актери Тони Михајловски и незаменливиот Сашко Коцев. Центарот за култура „ Ацо Ѓорчев “ од Неготино ги поканува сите љубители на филмот од Неготино па и пошироко од регионот да дојдат и да уживаат во најновиот српски филм.