ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » Ќе се казнува за мобинг на работа

Ќе се казнува за мобинг на работа


Додадено на 11-11-2012 во МАКЕДОНИЈА

Ќе се казнува мобингот на работното место. За три месеци ќе биде донесен законот, кој ќе важи за работниците и од јавниот и од приватниот сектор. Како основа за законот за заштита од психичко вознемирување на работното место ќе бидат предлозите од синдикатите.

Владата очекува со законот за заштита од мобинг значително да се унапреди областа на работните односи во Македонија.

Од 2009 година се пријавени 30 случаи на мобинг. Тоа се постапки отворени пред Комисијата за заштита од дискриминација, а многу помалку побарале судска заштита.